(ВИДЕО) 360˚ Коце Трајановски и сопругата ја купиле фирмата-сопственик на парцелите во Ќерамидница за само илјада евра!

360 Степени“ открива нови елементи во случајот што пред неколку дена го објави порталот „Призма“ за новата куќа на поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, во Ќерамидница, на самиот кеј на реката Вардар.

„Призма“ обелодени дека градежната дозвола е издадена во март 2017-та, во период кога Трајановски е градоначалник, а сопственик на парцелата е фирмата „Природна органска храна“.

Трајановски и неговата сопруга ја купуваат оваа фирма, а со тоа и парцелата на која веќе се градела куќа, во јуни 2018-та.

Договорот за целосно преземање на фирмата води до нов сомнителен податокот, а тоа е дека екс скопскиот градоначалник и сопругата ја купиле фирмата, а со тоа и парцелата со куќа, за само илјада евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e