(ВИДЕО) 360˚: Анализа на анкетата во која повеќе од половина граѓани се за промена на името

Во најновото издание на емисијата 360˚ можете да ја чуете анализата во однос на анкетата која покажува дека повеќе од половина од македонските граѓани се за промена на името со цел побрз влез во ЕУ и НАТО.

Освен ова ќе имате можност да видите:
– Грчка „То Вима“ ја објави рамката на Нимиц: нема барање за промена на Уставот, јазикот “Makedonski”, остануваат кратенките MK и MKD; решението на сила во фази;

– Атина ден по протестите – грчката влада решена да продолжи да бара решение, аналитичари: и пратеници од опозицијата може да гласаат за евентуалниот компромис;

– Интервју со проф. д-р Денко Малески: силното водство во двете земји и кај меѓународните играчи се добра околност за прашањето за името;

– Анкета на Институтот за демократија: 61% од граѓаните на РМ (33% од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ) прифаќаат решавање на прашањето за името заради побрз влез во НАТО и ЕУ;

– Скандали во Советот на јавни обвинители. Беше унапредена внука на претседателот на Советот, а тој наместо да се изземе присуствувал на гласањето. Спротивно, не беше унапредена обвинителка која води истрага за банкар-сопруг на членка на Советот која, исто така, наместо да се изземе, гласала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e