Пред скоро 2 месеци престанаа да се печатат и дневните весници „Утрински весник“ и „Вест“, поради лошата финансиска состојба на фирмата „Графички центар“, која беше сопственик на Медиа Принт Македонија, дотогашен издавач на трите дневни весници, како и на „Македонски спорт“, „Теа модерна“ и порталот „Телеграф“. Во 24 Анализа на ТВ 24 дебатираат еден од основачите на „Дневник“, Бранко Геровски, денес, дневниот весник „Слободен печат“, основачот на „Вест“, Горан Михајловски, денес сопственик и уредник на порталот „Сакам да кажам“ и Тамара Чаусидис од самостојниот синдикат на новинари и медиуми.