(ВИДЕО) 1Тв сторија од Велес – Пожарот во кој изгореа три деца, можно е да е подметнат

Никола е социјален случај, кој се грижел за трите девојчиња кои изгореа во ужасниот пожар. Повремено според неофицијални информации копа гробови на велешките гробишта каде деновиве треба да ги закопаат јагленосаните тела.

Ги оставиле сами и ги заклучиле во куќата со една соба во која не се знае ниту дали имало прозорец и со сопругата и со четвртото дете отишле до продавницата која е на 40 минути оддалеченост од нивната куќа. Тоа не им било прв пат децата да ги заклучуваат сами дома, но вчера се случи кобната несреќа, пожарот во кој останаа без нив.

Од импровизираната трошна куќа, кај велешкиот рид Вршник која е на непристапен терен и е на 2 километри од центарот на градот, веќе нема останато ништо, освен ѕидови. Само играчките сведочат дека тука до вчера се слушал џагорот на трите девојчиња.

Семејството на четириесет годишните Никола и Марина живее со социјална помош и повремено собираат пластични шишиња. Децата се од повеќе татковци. А според неофицијални информации имале и закани поради нерешените брачни односи.

А бидејќи импровизираната куќа нема ниту пристап до струја и вода, надлежните се сомневаат дека постои можност пожарот да е подметнат.

Од СВР Велес не откриваат никави детали додека трае истрагата.

Соседите кои повикале противпожарна екипа, раскажуваат дека не ги познаваат родителите, кои таму живееле околу 2 години.  Велат дека вчера било ужасно. Никој не знаел дека девојчињата на возраст од една, две и четири години, се внатре, се додека не дошле родителите.

Денеска Општина Велес со Центарот за социјална работа сопштија дека ќе се ангажираат за организирање на погребот за настраданите деца. Од велешкиот центар денеска не сакаа да дадат изјава за медиумите.

Во тек е истрагата на Основното јавно обвинителство од каде најавуваат дека ќе се врши подолго вештачење за утврдување на причините за пожарот. По наредба на обвинителството ќе се изврши обдукција на телата на децата и нивна идентификација, бидејќи истите по пожарот се најдени јагленосани. А истрагата ќе покаже кои се причините за пожарот и дали има основ за евентуална кривична одговорност.

Извор: 1ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e