Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски утре, на фејсбук платформата, во живо ќе одговара на прашањата од граѓаните на тема корупција.
Првата сесија за прашања и одговори ќе биде посветена на борбата против корупцијата и мерките кои ги преземаме, информираше Николовски.
Вицепремиерот Николовски секојдневно ги охрабрува граѓаните да се борат против корупцијата во општеството заедно со надлежните институции.
Тој потсетува дека сите институции, се должни пред законот да преземат сé што е во нивна моќ за да ја спречат корупцијата и судирот на интереси.
-Доколку не успеат во нивното спречување, тогаш имаат должност да постапат по таквите случаи со пријавување кај институциите надлежни за истрага и понатаможно расветлување на случаите.
Дознајте повеќе за тоа како да пријавите корупција на следниов ЛИНК.
