Вицепремиерот Николовски со сопругата Андријана на концерт по повод одбележувањето на две децении од Охридскиот рамковен договор

Денешната свеченост по повод 20 годишнина од Охридскиот рамковен договор беше заокружена со концертот на големиот, светски познат тенор, Раме Лахај во Националната филхармонија, каде меѓу другите функционери и јавни личности, присуствуваа и вицепремиерот Љупчо Николовски заедно со сопругата Андријана Николовска која се истакна меѓу присутните во суптилно елегантна креација.
„Како што музиката, и уметноста воопшто, руши бариери и обединува во заедништво, посакувам во истата насока да продолжиме да ги уживаме придобивките од Охридскиот рамковен договор – заедно, сплотени, силни и обединети“, порача Николовски на социјалните мрежи каде сподели неколку фотографии од концертот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e