Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска во Скопје, ќе се обрати на конференција по повод одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата.
На конференцијата, како што е најавено, свои обраќања ќе имаат, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз, заменик-шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Џулијан Васало и претставници од меѓународни организации.
