Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски ги поканува сите граѓани отворено да проговорат за борбата против корупцијата.
„Ве поканувам на 22 септември, среда, од 18:00 часот да зборуваме за борбата против корупција. Почнувајќи од денес, па се до петок до 12:00 часот на пладне, можете да ги испратите вашите прашања преку приватна порака на Фејсбук, а јас ќе ги одговорам во стримингот во живо следната недела“, порача Николовски повикувајќи ги сите заинтересирани да прашаат се што ги интересира за корупцијата.
Првата сесија за прашања и одговори – #ЗборувамеЗа ќе биде посветена на борбата против корупцијата и мерките кои ги преземаме, дополни вицепремиерот.
