Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска во вакциналниот пунк во салата ‘Борис Трајковски’ ја прими втората доза од кинеската вакцината, Синофарм по што изјави дека продолжува со дневните обврски.

„Се чувствувам добро и продолжувам со дневните работни обврски. Верувам во заштитата која ни ја пружаат вакцините и во нашиот здравствен систем. Ги повикувам сите граѓани да го направат истото, затоа што само заеднички можеме да го победиме коронавирусот.“ – порача Николовски.
