Вицепремиерот Николовски со честитка за Курбан Бајрам: Да се грижиме едни за други и да бидеме благодарни

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски упати честитка по повод Курбан Бајрам.

„Им го честитам празникот Курбан Бајрам на сите сограѓани кои го празнуваат. Ова e голем празник кој ги потенцира човековата солидарност, грижливост и благодарност, па посакувам сите да имаме што повеќе прилики да се солидаризираме, да се грижиме едни за други и да бидеме благодарни за сè што имаме и правиме еден за друг.“ – вели Николовски во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e