Веста дека Борисов обезбедил 120 милиони евра од ЕУ за автопат Софија-Скопје била лажна?

Најголемите бугарски медиуми, но и дел од македонските медиуми објавија вест од сајтот за лажни вести xaknews.blogspot.bg, според која „на Светскиот економски форум во Давос, бугарскиот премиер Бојко Борисов соопштил дека издејствувал 120 милиони евра од Европа за изградба на автопат Софија – Скопје откако ги убедил Меркел и Јункер“.

Бугарските медиуми по кратко ја избришаа лажната вест од нивните интернет страници, а реагираа и од бугарската влада.

„Во врска со текстот за изјава на премиерот во Давос, објавен на блог, ве информираме дека премиерот не дал изјава за ниту еден медиум во Давос, освен за државната телевизија БНТ. За сите негови состаноци и разговори, јавноста е информирана преку прес-службата на владата“, соопштија од бугарската Влада.

Иако имаше соопштение од страна на бугарската влада, никаде немаше демант дека вакви пари се обезбедени, па според тоа останува да се почека и навистина да се види дали Македонија ќе ги добие овие пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e