Автомобилот што попладнево се најде во реката Вардар е на актерката Весна Петрушевска.
Петрушевска за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека не знае како се нашло нејзиното возило во Вардар бидејќи таа кога одела на проба во МНТ ја паркирала колата под мостот и влегла во театарот.
„Уште сум во шок, не знам што се случило. Бидејќи немаше место на паркингот, се паркирав под мосотот, каде постојано сите колеги ги оставаме колите. Јас сум шофер од 17 години, уредно ја изгасив колата ја заклучив и појдов на проба. Можно е да се работи за обид за кражба. Нема шанси колата сама да тргнала и да падне во Вардар“ вели Петрушевска.