Весковски за Сител: Граѓаните да бидат сигурни во изворот Рашче, по Виена ние сме втори во Европа по квалитет на водата за пиење

Пред три години кога бевме информирани за истекувањето на шестовалентен хром од Југохорм, организиравме еден специјализиран тим иако не е во наша надлежност и ја собравме целокупната јаловина која беше депорина таму и можеше низ некој период да направи проблеми на изворот Рашче, рече во гостувањњто во вестите на Сител, кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Карпош и директор на ЈП Водовод и Канализација, Душко Весковски.

– Заедно со испитувањата кои се направени на планината Жеден, а тоа се бушотини на 400 метри природен филтер за изворот, можат граѓаните на Скопје да бидат мирни и уверени дека пијат една од најчистите и најдобрите води во Европа, ние правиме и секојдневни анализи на 26 места во градот, а овој позитивен пристап кој го применуваме со Градот Скопје и министерството за животна средина можат да направат многу за да го задржиме нашето непроценливо богатство, а тоа е изворот Рашче, рече тој.

Тој потсети дека по Виена ние сме втори во Европа по квалитетот на вода за пиење.

– Јаловината е дислоцирана, опасноста е тргната од пред три години, се што треба да направи министерството за животна средина заедно со Владата и Градот Скопје е да го исчисти теренот, во блиска иднина ние немаме опасност од јаловината од Југохром, но треба да се интервенира со специјлна студија и решавање на пробелмот на Југохром, рече Весковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e