На 05.01.2018 година во 12.50 часот на бул. „Македонија“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К. (37) од Скопје, патничко возило „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Н. (25) од Скопје, паркирано товарно возило „Југо скала 55“ со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од А.С. (50) од Скопје и паркирано патничко возило „Сеат Алтеа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од М.Ј. (32) од Скопје. За време на вршење на увидот, К.Н. се пожалил на повреди и со друго возило бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.