Неврохирургот Венко Филипче е новиот министер за здравство. НОВА дознава дека веста вечерва во Владата на него му била соопштена. Во наредните два дена, одлуката треба да се најде пред пратениците во Собранието.
НОВА го контактираше и Филипче, кој потврди дека му било соопштено дека ќе ја превземе министерската функција.
„Да, ми соопштија во Владата, но сепак сето ова треба да се официјализира во Собранието“, кратко одговори Филипче.