Вчера во Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди

Во текот на вчерашниот ден (04.01.), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди, од кои три со телесни повреди и три со материјална штета.

При сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 12 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Исто така, 19 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи тројца го управувале возило под дејство на алкохол, 14 возачи управувале возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца бидејќи биле возачи почетници.

Поради техничка неисправност 14 возила се исклучени од сообраќај. Санкционирани се и 10 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и двајца бидејќи поминале коловоз на црвено светло. Шест возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци и исто толку неправилно престигнувале.  Во текот на изминатиот ден издадени се 103 мандатни платни налози, додека 95 возила се подигнати со “пајак”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e