Вчера во Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди

Во текот на вчерашниот ден (31.01.2018 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди од кои пет со телесни повреди и четири со материјална штета.

При сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи го управувале возилото со брзина по голема од дозволената. Потоа 11 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Четири возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Исто така, двајца возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло додека еден неправилно престигнувал. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин.

Во текот на изминатиот ден издадени се 83 мандатни платни налози, додека 78 возила се подигнати со “пајак”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e