Во текот на вчерашниот ден (01.03.), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, две со телесни повреди и седум со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди а две лица се лесно телесно повредени. Санкционирани се 23 возачи заради возење со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај се исклучени 11 возачи, при што деветмина од нив управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило а двајца биле возачи почетници.
Исто така исклучени се од сообраќај и 10 возила од кои седум биле нерегистрирани, а три возила биле технички неисправни. Четворица возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, седумина неправилно се престроиле, двајца возачи се санкционирани за неправилно престигнување и за недавање првенство на минување на пешаци на пешачки премин, додека пак 12 возачи непоседувале пропишана зимска опрема во возилата. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој го поминал коловозот надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 90 мандатни платни налози, додека 72 возила се подигнати со “Пајак”.