ДО ВЧЕРА ГИ КРИТИКУВАШЕ А ДЕНЕС СЕ СЛИКА НА НИВНИТЕ ШТАНДОВИ? Дали Трипуновски се увери во успешната македонска винска приказна?

Пред само неколку месеци, сегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, тогаш во својство на дополнителен-заменик, го критикуваше начинот на кој малите винарии и производители на храна и пијалоци добивале финансиска поддршка од ресорното министерство, нешто за што веднаш беше демантиран и од министерството и од здружението на македонски семејни винарии.

Иако Трипуновски остана должен да одговори, зошто е против развојот и поддршката на малите производители на храна и пијалоци, тоа не му пречеше овој викенд  да се појави и да се слика на македонскиот штанд на саемот за храна и вино, Wine Vision во Белград, настан кој е осмислен и започнат пред три години, од предходните влади на земјите членки на Open Balkan.

467912840_1124648915895537_6591821865848346985_n

468098238_1124736592553436_41274190056491016_n (1)

Министерот за земјоделство Трипуновски во отсуство на нови проекти и идеи, останува да ги следи и да ги копира, осмислените и реализирани проекти на предходното раководство во министерството кои сакал тој да признае или не, даваат успешни резултати секоја година.

52e05208-eb5d-471f-906a-d4be10f7bfbf

Кога беше во опозиција, тој секојдневно ги критикуваше сите проекти на тогашната влада во земјоделството. Откако стана министер се појавува и на националниот саем за храна и пијалоци “Вкуси ја традицијата” и на “Wine Vision”. Тоа е добро, затоа што можеби конечно и тој ќе сфати дека додека тој критикуваше, некој пред него макотрпно работеше на конкретни идеи и проекти за развој на оваа гранка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e