Васко Ковачевски е нов генерален директор на АД ЕСМ

Надзорниот Одбор на АД Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ) го назначи Васко Ковачевски за претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ.

Ковачевски е дипломиран инженер по термоенергетика и на оваа функција доаѓа од местото директор на РЕК Битола, најголемата подружница на АД ЕСМ и најголем производител на електрична енергија.

Нов директор на РЕК Битола ќе биде назначен од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e