На самитот за иницијативата Отворен Балкан во Охрид, денеска пристигна и европскиот комесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји.
Претходно беше најавено дека Вархеjи ќе се обрати на официјалното отворање на самитот преку видео врска, како и американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Официјалниот и работен дел на состанокот на оваа регионална иницијатива започна со обраќања на лидерите од регионот.
Со поздравни говори и со желби за успешна работа, пред учесниците и гостите на самитот се обратија македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, српскиот претседател, Александар Вучиќ, албанскиот премиер, Еди Рама, како и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и Зоран Тегелтија, претседавач на Советот на министри на БиХ.
Во своето обраќање на отворањето на самитот, премиерот Ковачевски поздравувајќи ги присутните, ги истакна придобивките од регионалното поврзување и соработка.
„Ова е време на големи предизвици кои бараат храбри одлуки и заедништво. Иницијативата Отворен Балкан е наша заложба за стабилен регион, владеење на мир, за соработка и за економски развој – ова е нашата заложба за подобар живот на нашите народи. Наша автохтона иницијатива за европеизација на регионот.