Вангеловски на 13 јуни ќе се брани од резрешување поради „Сеад Кочан“

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и уште четворица негови колеги на 13 јуни пред Судскиот совет ќе се бранат од разрешување. Против петмината врховни судии беше покрената ваква иницијатива по ланската одлука, иако во бегство, да го ослободат од притвор бизнисменот Сеад Кочан.

Тогаш одлуката ја донесоа со мнозинство или тројца гласаа за, Кочан да не оди во затворот Шутка, додека двајца беа против. Дел од врховните судии кои денеска ги контактираше Алсат М, објаснија дека најверојатно ќе бараат седницата во Судскиот совет да биде јавна и пред новинарите да образложат како ја донеле оваа одлука.

Претседателот пак, на Судскиот совет, Зоран Караџовски објасни дека комисии од ова тело ја прибралe потребната документација, но не откри детали поврзани со случајот на Сеад Кочан.

„Конкретно за ниту еден случај нема да ви дадам информација затоа што ми се заканува кривична пријава бидејќи се од доверлив карактер сите постапки“, рече Караџовски.

Караџовски информираше дека речиси е готов извештајот кој интерно го подговуваат по забелешките дека електронскиот систем познат како АКМИС бил изигруван во судовите.

И за овој случај не откри детали, но тврди дека во скопскиот Кривичен суд немало паралелен АКМИС, иако таков наод констатираше комисија од Министерството за правда при проверката на електронскиот систем во судовите.

„Такви бројки или дека фантомски се водел некаков дупли АКМИС со тие 860 предмети се наведени, тоа не е точно…“, додава Караџовски.

Судскиот совет во периодот кој следи треба да донесе конечна одлука дали ќе ги разреши Јово Вангеловски и останатите четворица судии кои беа дел од советот кој го ослободи Кочан. Освен ова, конечно треба да одлучи и дали наодите за злоупотреби на АКМИС – от во судовите се точни или не.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e