Вангеловски, Караџовски и Штерјов три години земале паушал од по 10.000 денари месечно што не им следува од академијата за судии

Aктуелните претседатели на Советот на јавни обвинители Коле Штерјов, на Судскиот совет Зоран Караџовски и на Врховниот суд Јово Вангеловски, како членови по функција во Управниот одбор (УО) на Академијата за судии под раководство на Анета Арнаудовска, 3 години земале месечни паушали од по 10.000 денари што законски не им следувале. Со персоналниот данок што им бил плаќан, Академијата всушност ја чинело по 11.000 од секоја незаконска исплата, секој месец, информира порталот СДК.

Кога се смени власта и СДСМ формира влада, бидејќи немало формална одлука за паушалите и оти директорката Анета Арнаудовска и УО немале покритие за исплатените големи суми, на 11 јули 2017, на 121-та седница, УО на Академијата донела одлука со ретроактивно важење за веќе исплатените паушали.

Законот за акдемија на судии и јавни обвинители тие го кршеле од ноември 2015, кога бил донесен, сè до 19 октомври годинава кога беше избран нов Управен одбор, во кој ги нема веќе членовите што се по функција. До тогаш Штерјов, Караџовски и Вангеловски земале незаконски надомест по стар закон кој важел до февруари 2015.

Месечен надомест по 10.000 денари од четворицата членови што биле таму по функција не земал само Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески. Тој вели дека јавно ја одбил оваа награда, бидејќи му била законски сомнителна.  Но, неговиот претходник Марко Зврлевски, додека членувал по функција во УО на Академијата, редовно земал паушал.

Пред овие актуелни функционери, без законска основа паушалите незаконски ги земале и нивните претходници: Петар Аневски (експретседател на Советот на јавни обвинители), Бранко Ушковски (екпретседател на Судскиот совет), Марко Зврлевски (претходниот државен јавен обвинител), Снежана Бајлозова (в. д. претседател на Врховниот суд) и Лидија Неделкова (експретседател на Врховниот суд).

Повеќе ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e