Валканата игра на ДУИ

Од настапот на Бујар Османи на Алсат стана јасна играта на Груевски и Ахмети.

ДУИ нема да гласа ниту за Законот за заштитени сведоци ,ниту за продолжување на мандатот на СЈО ниту за усогласување на Законот за СЈО со препораките од Венецијанската комисија без конзенсус од сите четири партии. А тоа само значи без согласност од ДПМНЕ. Баш го брига ДУИ што СЈО објави дека без тие закони нема да биде можно да се отворат процесите “монструм”Сопот”па и “Смилковското езеро”. Тие важно без согласност од Мијалков нема да подржат ништо во врска со работата на СЈО. А наводно секогаш го подржуваат ставот на меѓународната заедница.

ДУИ исто така не го прифаќа предлогот на СДСМ за Македонија да биде една изборна единица со што би се обезбедил принципот на еднаква тежина на секој добиен глас кога се претвора во пратенички мандати. Османи објасни дека ако тие не постигнат договор со ВМРО за тоа прашање пред распуштање на собранието тоа можело да го доведе во прашање договорениот термин со консензус за одржување на изборите на 11-ти декември. Значи и за датумот може да не важи конзенсусот или ако важи тие и ДПМНЕ ќе имаат причина пак да водат националистичка кампања.

Албанците се дискриминирани со изборниот закон а ВМРО се херои кои не им попуштаат како во случајот со изборот на Иванов.

А Албанците од сите други партии кои ќе станат пратеници според Османи немаат право да ги застапуваат интересите на Албанците во Македонија. Ексклузивно право за застапување на правата и интересите на Албанците според него можела да има само партија што ќе освоела над 50% од гласовите на Албанците во Македонија.

Оние Албанци кои нема да гласаат за етничките партии на Албанците според оваа логика на Османи и ДУИ џабе си го трошат гласот и се еден вид национални предавници .

Е ако е и од Османи многу е.

Звучи многу расипано и препредено па и старомодно и буѓосано.

Фејсбук статус на  Ѓорѓи Спасов

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e