Комисијата за избори и именувања испрати кандидатска листа до претседателот на Собранието, Талат Џафери, со 47 кандидати за членови на ДИК. Едногласно беше усвоена листата од сите пратеници. Од нив, само 7 ќе влезат во Државната изборна комисија.
На седницата немаше дискусија, едногласно беше утврден дневниот ред, а беа прочитани и сите имиња на кандидатите.
Собранискиот спикер Талат Џафери треба да ги испрати имињата до партиите од каде ќе се изјаснат кои ќе бидат нивните кандидати. Потоа, Комисијата за избори и именувања ќе ги констатира имињата на кадидатите, а потоа на пленарна седница со 2/3 мнозинство ќе треба да го изберат новиот состав, според стариот модел на изборен законик.
Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседател на комисијата, а Елизабета Постоловска член од ВМРО-ДПМНЕ. Од редовите на ДУИ избран е Дитмире Шеху. Борче Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристевски се членови од СДСМ. Како што изјави Сурија Рашиди, предлог од Беса (од Алијанса на Албанците на Села) ќе биде Кренар Лога. Фадил Зендели потврди дека за член во ДИК од Беса на Касами ќе е Енвер Салиу.