Уставен ќе го укине СЈО по распуштање на парламентот?

Власта има сковано план за СЈО и инсистира да биде укинато по секоја цена. А1он дознава дека од партијата на власт притискале преку партиските судии во Уставен да не се става на дневен ред уставноста на СЈО пред да се распушти парламентот. – пишува А1он.

Покрај другите работи, токму и ваквото сценарио за СЈО било причина за раздор во партијата на власт каде дел од осомничените најмногу иснсистирале тоа да биде укинато, а другите кои се противат посочувале дека ќе настанат немири и дека со тој потег ќе се покаже дека има вистина во сниманите ленти.

Најголемите заговорници за сценариото се истите кои викаа дека се “чисти“ и дека ќе се јавуваат на секој процес покренат од Специјалното обвинителство затоа што не направиле никаков криминал.

Во вториот договор од Пржино кој го потпишаа четирите лидери на партии во делот за СЈО се наведува доколку биде укинато, во рок од пет дена повторно да се донесе законот усогласен со Уставот, но извесно е дека парламентот нема да може да се состане повторно откако ќе биде распуштен на 12 октомври, што е повторно уште еден пропуст во текот на договорањето и составувањето на вториот договор од Пржино.

Целиот текст прочитајте го тука.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e