Управен суд пресече: Исплатата на субвенциите за лозарите е законска!

Изминативе неколку дена опозициската ВМРО ДПМНЕ гласно се побуни за исплатата на субвенции за обештетувањето на лозарите по основ на долгот што винарските визби го имаат кон нив за предадено грозје. Јавноста, а пред се лозарите, реагираа дека токму ВМРО-ДПМНЕ беа тие кои го создадоа проблемот и ги оставија лозарите со празни раце, а сега за ситни политички поени застанаа против мерката на Владата и МЗШВ со која се реши еден навистина голем наследен проблем.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку соопштение, деновиве ја информираше јавноста дека обештетувањето на лозарите е извршено во сосема законска постапка, и тоа врз основа на одобрени средства во Буџет на АФПЗРР за 2019 – та година, и Одлука на Владата на Република Северна Македонија, која претставува помош на лозарите кои ги исполниле сите критериуми утврдени во Закон за земјоделство и рурален развој. Меѓутоа ВМРО ДПМНЕ и покрај тоа поднесе приговор до Државната комисија за спречување на корупција.

Дознаваме дека Управен суд вечерва ја поништи одлуката на Антикорупциска поради законитоста на постапката што значи исплатата е законска и кристално чиста.

Со ова уште еднаш се докажаа ефтините политикански игри на опозициската ВМРО ДПМНЕ, реагира дел од јавноста, со кои сакаат да им го одземат или оспорат она што на земјоделците им припаѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e