Универзитетот ФОН ќе додели 100 стипендии за матуранти – аплицирајте онлајн

Универзитетот ФОН и оваа година ќе додели стипендии за 100 матуранти кои се заинтересирани да судираат на некој од факултетите на Универзитетот. Тие претходно треба да аплицираат, а потоа да ги поминат предвидените две тестирања.

Веќе 12 години Универзитетот ФОН ја спроведува кампањата „И во Македонија се може“. Преку оваа кампања 1000 стипендисти во изминативе 10 години се гордост на Универзитетот. Стипендистите кои биле дел од оваа кампања се добитници на награди од Обединетите нации, Светска банка, Микрософт, Хјулит Пакард. Истите работат во Европската Комисија, како млади истражувачи на светски универзитети, меѓународни и домашни компании и институции, истакнуваат од таму.

Од оваа година Универзитетот ФОН заедно со своите партнери (Valencia UniversityBertone Design AcademyPolitechnico di Milano и George Town University) ја проширува кампањата за стипендирање на млади умови од Македонија кои се во потрага по меѓународно образование и дипломи.

Стипендистите се ослободени од финансиски обврски за студирање. Од Унивезитетот информираат дека стипендистите на ФОН ќе работат под посебен менторски систем со странските професори и експерти. Универзитетот ќе ги покрива сите дополнителни трошоци во сферата на неформалното образование и пракса во меѓународни компании. Стипендистите ќе бидат дел од платформата за доживотно образование. Стипендистите ќе бидат дел од бизнис инкубаторот во кој со финансиска поддршка од Универзитетите во Валенсија, Милано и Вашингтон ќе може да ги развиваат своите бизнис идеи и креативни процеси, старт-уп’с, апликации и компании.

Матурантите е потребно само да го пополнат  формуларот што е достапен на веб страната на ФОН. По завршување на процесот на аплицирање, кандидатите ќе бидат контактирани од страна на Универзитетот за да добијат понатамошни инструкции пред првото тестирање.

Повеќе детали и можност на апликација на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e