Уметниците знаеле што потпишуваат – покажува примерок од договор

Примерок од авторски договор потпишан со Владата за прославата што се одржа синоќа, кружи на социјалните мрежи, пишува Фокус.

Во согласност со договорот потписниците се согласуваат да настапат на прославата со уметнички труд, музичко сценска изведба, како што стои во документот, по повод поканата од НАТО за членство на Република Македонија.

Според датумот, договорите се потпишани во средата, три дена пред одржување на концертите. Дел од уметниците се правдаа дека не биле информирирани за што конкретно ќе настапат.

Бендот Љубојна и пејачот Влатко Лозаноски – Лозано ги откажаа своите настапи. Договорот пак ги обврзува авторите лично да го изведат авторското дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e