Новата табла што беше поставена вчера на споменикот „Воинот на коњ“ на која пишува дека Александар Велики е дел од хеленската историја, повторно е вратена на своето место, откако ноќеска беше демолирана.
„Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“, стои на новата ознака на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје.
Ознаката што беше поставена вчера на споменикот на Филип Втори на скопскиот плоштад „Карпошово востание“ ноќеска е извадена и украдена, а на споменикот на Олимпија, пак, таблата е оштетена.