На предлог на Министерството за здравство Владата денеска ги укина решенијата за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на друштвата за производство, трговија и услуги „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“, увоз-извоз ДООЕЛ Битола, подружница „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп и за „Медицал 420“, увоз-извоз, ДОО Битола.
Владата донесе и одлуки за престанување на важењето на одлуката за давање согласност на решенијата за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“ Битола, подружница „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“ Прилеп и „Медицал 420“ од Битола.
