Времето утре претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР.
„Попладне ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Од среда до петок ќе настапи стабилизирање на времето, а во деновите од викендот повторно се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд и појава на грмежи“, се вели во соопштението на УХМР.