Вчера околу 13 часот непознат сторител со својот автомобил удрил седумгодишно дете по што веднаш го напуштил местото на настанот.
Повреденото дете било пренесено во Клиничката болница во Тетово, каде што од страна на лекар биле констатирани телесни повреди. Извршен бил увид, се превземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.