УБК нема информации дека се уште постои прислушување на разговори од страна на други институции вели директорот на управата Горан Николовски. Разглердувајќи ги зад затворени врати извештаите на Агенцијата за разузнавање во собраниската комисија за надзор на УБК по завршувањето на истата директорот Николовски дообјасни дека биле разгледувани и измените за следење на комуникациите но и дека и натаму внимателно ќе се следат законските рокови за ОТА .Исто така додаде и дека ќе се менува вордингот по кој агенцијата работеше во изминатиот периот.
„Вордингот од минатото сакаме да го менуваме и со менувањето навлегуваме во промената на менталниот склоп. Ние законски сме обврзани и го имаме правото за следење на комуникациите“ – изјави Горан Николовски Директор на УБК.
Членот на комисијата Павле Богоевски пак објасни дека исто така на комисијата се разговарало и за новите концепции во работата на Агенцијата, но и следните чекори кои ќе бидат превземени.
„Тоа што може да се забележи како промена е промената на пристапот од страната на дел од агенцииите во безбедносно разузнавачкиот систем при вршењето на своите овластувања на начин кој одговара со современата наука и концепти за безбедносниот систем.“ – изјави Богоевски.
По утврдувањето на дневниот ред на комисијата претседателот Трајко Вељаноски побара медиумите да се повлечат со објаснување дека се работи за класифицирани и строго доверливи информации кои се државна тајна. На седницата присуствуваа пратеници и од парламентарното мнозинство и од опозицијата.
Извор: 24ТВ