МВР уапси двајца дилери од Аеродром кои во викендица во село Mоране, скопско, имале лабораторија за производство на марихуана. Полицијата против нив поднесе кривични пријави до Јавното обвинителство за неовластено пуштање во промет наркотични дроги на зависници на подрачјето на главниот град.
Според МВР, при претресите во дом во скопската населба Аеродром и во подрумски простории, како и во викенд куќа во село Морани, пронајдени се 6,4 килограми марихуана и 203 саксии со стебло од канабис.
Инаку, за време на претресот во домовите на уапсените дома пронајдени се три садници канабис, картонска кутија во која имало 9 палети за производство на садници, прскалки и рефлектори. Во подрумскиот дел пак, биле пронајдени торби и кеси со поголем број пакувања со марихуана.
Извор: 24ТВ