По наредба на ОЈО Скопје, вчера вечер полициски службеници вршеле претрес во домот на новинарот Марјан Стаменковски во скопската населба Влае. Тој ја минаноќта во полициска станица.
Стаменковски е сопственик и уредник на порталот ДоказМ.
Неофицијално, како што пренесуваат медиумите, во неговиот дом биле пронајдени околу 100.000 евра.
Полицијата одзела и мобилни телефони,компјутери…
Ова следи откако скопското Обвинителство добило повеќе пријави од граѓани.
Постојат и информации кои говорат дека додека траел претресот Стаменковски побарал медицинска помош, поради што била повикана Брза помош.
