ТВ24: Орце Камчев се шета во Банско

Камчев според информации на ТВ24, извесно време престојува во Бугарија. Дел од медиумите таму пренесуваат дека ужива на јахта во Варна.

На 15 август новинар од ТВ24 го сретна Камчев во хотелот „Пирин Голф“ во Банско, во друштво на уште еден Македонец, двајца Бугари, во придружба со уште две жени.

Привремениот пасош кој Катица Јанева му го одобри, а му го даде Кривичниот суд му важи уште нешто повеќе од два месеца. Иако е жртва во „Рекет“, Камчев останува осомничен во „Империја“ за испрани 10 милиони евра.

Во СЈО стигнуваат информации деновиве дека има финансиски промени поврзани со него. Но рацете на обвинителката Лиле Стефанова се врзани и нема овластување да бара каде е, откако Катица Јанева која е единствен овластен потписник во СЈО, заврши во притвор токму поради злоупотреба на службената положба за случајот „Империја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e