Телевизија Нова, за која 43 вработени побараа стечај, во декември лани, склучила договор со кој што му подаруваат камери на продуцентот Слаѓан Јовановиќ од Скопје. Според документот кој се појави на социјалните мрежи, а е заверен со архивски број и печат, станува збор за две камери марка „Sony“ купени во 2015 година.
Според член 2 од договорот, телевизијата овие камери му ги подарува на продуцентот без надоместок, а телевизијата не може да го отповика подарокот по ниедна основа. Неофицијално, продуцентот се обидел да ги продаде камерите во други телевизии. Како што објави „Макфакс“, 43 вработени и поранешни вработени во Телевизија Нова покренaa претстечајна постапка за неисплатени 7 плати, од октомври наваму.
Извор: Макфакс