Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на заедничката прес – конференција со премиерот Зоран Заев се обрати на македонски јазик и порача дека ЕУ останува најголемиот партнер на Македонија.
Тој порача дека ЕУ ќе и помогне на земјава за членството во ЕУ, во реализацијата реформите. Според него важно е што има политички консензус за членството во ЕУ и НАТО и ја има решителноста народот.
„Разговаравме и за регионалната соработка и соседските односи, со Бугарија докажавте дека кога постои волја да се надминат духовите од минатото постои начин да се оди кон иднината. Се надевам дека истото ќе го направите и со Грција. Ја имате мојата безусловна поддршка и јас верувам во вас“, порача Туск.
Туск заедно со седум претседатели и еден премиер ќе бидат дел од процесот Брдо-Бриони чиј што домаќин е претседателот Ѓорге Иванов.
Еве ги изјавите на Заев и Туск!