„Енеретската заедница во официјален извештај, вели дека, денес, Северна Македонија е шампион по реформи во енергетска политика. Еве зошто реформите во македонската енергетска политика се прогласени за шампионски“, соопшти денеска Иван Трпески, член на комисија за енергетика на СДСМ.
„Денес, имаме најниска цена на струјата во Европа. Во време на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2016 цената на струјата се покачи за 100%. ВМРО-ДПМНЕ беше против враќањето на евтината тарифа, тврдеа дека така ќе поскапела струјата. Еве не, две години потоа, имаме евтина тарифа и ниска и стабилна цена на струјата“, посочува Трпески.