Поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски кој денеска беше осуден на 9 години затвор во случајот Триста на СЈО ќе биде во притвор до издржување на затворската казна.
Обвинителката Фатиме Фетаи претходно побара судот, на Поповски да му одреди притвор поради опасност од бегство.
Поповски пак, изјави дека не планира да бега, дека е семеен човек, со син кој е на школување, а има и болна мајка.
Немам алтернативна држава, не размислувам да бегам – објасни поранешниот помошник-министер во МВР.
Поповски е осуден на девет години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување при набавката на 300 возила за МВР.
Извор: Канал77