Тринаесет лица не ја почитувале забраната за движење, 513 не носеле маска

Тринаесе лица не ја почитувале забраната за движење во периодот 22 часот синоќа до 05 часот утрово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Додаваат дека во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 513 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e