Три дами ќе ја водат Народна банка на Република Македонија

Гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска, ги предложи м-р Емилија Нацевска и м-р Ана Митреска за вицегувернерки на Народна банка на Македонија во својот тим по спроведениот оглас.

Нацевска во Народната банка на РМ досега бешее советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции, а  Митреска доаѓа како директор во Дирекцијата за монетарна политика и истражување во НБРМ.

Нацевска досега го следеше процесот на интеграција на Македонија кон европската Унија, го следи националниот платен систем и учествува во креирањето на проекциите, додека Митреска во дирекцијата беше задолжена за извештаите и аналитичките истражувања.

Предлогот за именување на вицегувернери на Народната банка на Република Македонија е доставен во Собранието на РМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e