Тренчевска: Оваа Влада ги зголеми платите на вработените во градинките за 36% и изгради 69 градинки од 2017 година до денес

Од 2018 – 2022 година Владата на СДСМ има дадено согласност за вработувања на 2 385 лица во градинките, а платата е зголемена за 36 отсто. Од 2017 до денес имаме изградено 69 градинки со што дополнително се опфатени 4 300 деца, 28 градинки се градат, 13 од нив ќе бидат отворени до крајот на 2022-ра и ќе опфатат уште 1 360 деца, додека 15 градинки ќе бидат отворени во 2023 година и со нив ќе бидат опфатени 1 905 деца, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Одговорајќи на прашањето што го постави пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ – кога Министерството за труд и социјална политика планира да го реши проблемот во градинките со давање лиценци и согласности за вработување, Тренчевска беше децидна дека „кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, платите во градинките беа очајни, а над 2 000 работни места беа непополнети”.

-Притоа, најголемиот дел од останатите вработени беа на определено време – зошто, вие си знаете, знаат и вработените. Веднаш по направената анализа од страна на СДСМ, сите што беа на определено, добија решенија за да им се осигури вработувањето, напомена министерката.

Таа постети и дека, дополнително, со ребалансот на Буџетот кој наскоро ќе се разгледува во Собранието, има зголемување на блок дотациите за материјалните трошоци во градинките и на блок дотациите за нови вработувања со цел што повеќе деца да бидат опфатени.

-Пресметајте колку се инвестира во детската заштита. Многу скоро очекувам и позитивен одговор од Министерството за финансии за оние барања за согласности кои моментно се доставени, со што ќе бидат зголемени вработувањата, особено онаму каде што има пензионирања и нови капацитети, и рече Тренчевска на Ласовска, уаптувајќи ја да се обрати во општините за тие да и кажат колку празни места има во секоја градинка.

Според Тренчевска, проблеми во градинките има таму каде што постои самоволие на градоначалниците.

-Проблеми во градинките има таму каде што постои самоволие на сегашните градоначалници кои не почитуваат закон и министер, но проблемите се решаваат согласно закон. Градоначалниците наместо да трошат пари за партиски вработувања во јавните претпријатија, привремено да ангажираат лица во градинките, дополни Тренчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e