Tрајко Вељаноски е предложен од страната на комисијата за избори и именувања за претседател на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и Агенцијата за разузнавање (АР).
Емил Димитриев пак е предложен за претседател на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на МВР, Финансиска полиција, Царинска управа и Министерство за одбрана.
Во Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања за претседател е предложен Павле Богоевски. Членови на таа комисија се: Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Трајко Вељаноски, Борис Змејковски и други.