Кандидатот за градоначалник на Куманово Тони Михалјовски преку објава на својот фејсбук профил порача дека вториот круг од изборите на 31 октомври ќе го бојкотира.
– Бојкот на политичките проститутки, нема да гласам во вториот круг. Немам за кого. Калкулациите и трговијата им ја оставам на политичките проститутки. Бојкот на политичката проституција и трговија со гласови на граѓаните, порача тој.
Се чини неговата објава следи откако вчера ВМРО ДПМНЕ објави дека ќе го поддржи Максим Димитриевски во вториот круг на изборите, откако нивниот кандидат, Тони Михајловски не обезбеди доволна поддршка.
