Томислав Лазаров осуден за насилството во случајот со шамарите во Центар. Ова е казната

Томислав Лазаров е виновен за дело – насилство во случајот со нарачаните шамари во општина Центар, во кој првообвинет е поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. На Лазаров му е определена алтернативна мерка -шест месеци условна казна ако во рок од две години не стори кривично дело.

Како олеснителна околност за Лазаров е земено тоа што тој ја признал вината и длабоко се покајал, признание дадено без притисок и без уцени, како и тоа што е млад човек и е татко на две малолетни деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e