Францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние во интервју за радио Слободна Европа вели дека Грција и Северна Македонија немаат друга алтернатива, освен спроведување на овој договор.
“Не, воопшто не влијае затоа што Преспанскиот договор е интерес кој мислам дека двата народа добро го сфатија и договорот реално ќе биде спроведен до крај. Тој договор нема друга иднина. Недобивањето датум не влијае во спроведувањето на договорот бидејќи ние сме потписници на тој договор, но и да не бевме, ние силно го поддржуваме“, рече Тимоние.
Тимоние рече дека Франција нема да ја блокира земјава на нејзиниот евроатлански пат, додавајќи дека пред октомври треба да се разгледа и реформската агенда.
„Франција не е кочничар, треба да разликуваме одредени нешта. Имаше една пречка, тоа беше грчкото вето поради името кое не беше наклонето за отворање на преговорите и поради тоа не станавте членка на НАТО. Сега тоа е надминато затоа што сите услови се исполнети, прво затоа што се смени името, но и сите објективни причини кои ја прават армијата на Северна Македонија. Процесот сега е во тек и тоа е резултат на Преспанскиот договор“, додава Тимоние.
Тимоние додаде дека во октомври земјите-членки на ЕУ ќе ги разгледаат одлуките од јуни и ќе се очекува датум за преговори.