Еврокомесарот Јоханес Хан кажа дека не треба да се брза со законот, зошто Македонија има реформски закони кои што мора да ги донесе за да ја добие препораката. Гостин на ТВ 24 е францускиот амбасадор Тимоние кој одговара на прашања врзани со сегашната ситуација на политички план.
„Македонија има други реформски приоритети, законот за јазици не е еден од нив, тој не е дел од европската агенда“, порача денеска францускиот амбасадор.
Амбасадорот порача и дека Македонија ќе влезе во НАТО, но засега нема конкретен датум кога ќе биде тоа.