Тевдовски на конференција во Словенија – „Продлабочување на Европската монетарна унија“

Министерот за финансии д-р Драган Тевдовски денеска учествува на конференцијата „Продлабочување на Европската монетарна унија“, која се одржува во Словенија. На конференцијата учествуваат и Мартен Вервеј, комесар за структурни реформи во Европската комисија, поранешниот министер за финансии на Холандија Хероен Дајслблум и министерката за финансии на Словенија Матеја Враничар Ерман.
Целта на конференцијата е  споделување на искуствата по финансиската криза и дефинирање на потребите за продлабочување на надлежностите на Европската монетарна унија, како и заштитните механизми за подобра респонзивност во иднина.
Конференцијата е можност да се остварат и билатерални средби во насока на зајакнување на соработката на Министерството за финансии со други институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e